ОН: ЛГБТИ луѓето се особено ранливи за време на пандемијата

by fokus

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш предупреди денеска дека ЛГБТИ луѓето се особено ранливи на дискриминација и злоупотреба за време на пандемијата со корнавирусот.

„Тие веќе се соочуваат со предрасуди, напади и убиства, едноставно поради тоа кои се или кого сакаат, многу ЛГБТИ луѓе доживуваат засилена стигма како резултат на вирусот, како и нови пречки при барање здравствена заштита“, рече Гутереш по повод Меѓународниот ден против хомофобија, бифобија и трансфобија, кој се одбележува на 17 мај.

Според него, има извештаи дека мерките за КОВИД-19 се злоупотребуваат од полицијата со цел да се таргетираат ЛГБТИ луѓе и организации. Меѓународниот ден против хомофобијата, бифобија и трансфобијата ја одбележува одлуката на Светската здравствена организација пред 30 години да ја отстрани хомосексуалноста од списокот на болести. Денот има за цел да ја промовира свеста за правата на сексуалните малцинства.

Гутереш порача и дека како што се развива пандемијата на коронавирус „Обединетите нации ќе продолжат да ги истакнуваат овие и другите неправди, како и потребата сите да бидат заштитени и вклучени во одговорот на кризата“.

Поврзани новости