Обединетите нации (ОН) и се приклучија на Европската унија (ЕУ) во осуда на одлуката на Твитер да ги налозите на некои новинари кои известуваат за работата на социјалните мрежи, јавува Би-Би-Си.
Новинарите од Њујорк Тајмс, Си-Ен-Ен и Вашингтон пост се меѓу оние чии налози се заклучени од Твитер.
Прееку мрежата на Твитер ОН објавија дека „слободата на медиумите не е играчка“, а ЕУ и се закани на компанијата со санкции.
Портпаролот на Твитер рече дека забраните се поврзани со споделување податоци за њмитување во живо.
Заменик-секретарот на ОН за глобални комуникации Мелиса Флеминг изјави дека е длабоко вознемирена од произволното суспендирање на сметките на новинарите на социјалната мрежа.
Слободата на медиумите не е играчка. Слободниот печат е камен-темелник на демократските општества и клучен инструмент во борбата против дезинформациите, оцени Флеминг.
Претходно денеска, еврокомесарката Вера Јурова му се закани на Твитер со санкции според новиот Закон за дигитални услуги на ЕУ, кој предвидува слобода на медиумите и основни права.
Илон Маск треба да биде свесен за ова. Има црвени линии и санкции, додаде таа.
Сопственикот на Твитер, Илон Маск, не ги коментираше директно суспензиите, но напиша во твит дека „критиката е сосема во ред, но не споделувањето на неговата локација во реално време, со што неговото семејство е изложено на ризик“.