Договорот меѓу Израел и Хамас за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Газа е важен чекор во вистинската насока, но останува уште многу да се направи, изјави денеска портпаролот на генералниот секретар на ОН.
„Антонио Гутереш го поздрави договорот меѓу Израел и Хамас, постигнат со посредство на Катар и поддржан од Египет и САД“, рече портпаролот.
„ОН ќе ги мобилизираат сите свои капацитети за да помогнат во спроведувањето на договорот и максимално да се искористи позитивното влијание на договорот врз хуманитарната ситуација во Газа“, додаде портпаролот.
We welcome the announcement of the Israel-Hamas agreement for 50 Israeli hostages to be released. My thoughts are with the families, some of whom my @WHO colleagues and I met with in recent weeks.
We also welcome the 4-day pause in fighting that will allow more aid to be safely…
— Tedros Adhanom Ghebreyesus (@DrTedros) November 22, 2023
И шефот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус, исто така, го поздрави договорот, додавајќи дека тој не е доволен да се стави крај на страдањата на цивилите.
Гебрејесус бара ослободување на сите заложници и дека, во очекување на нивното ослободување, да се обезбеди здравствена заштита за сите останати во заробеништво. Тој исто така повикува на прекин на огнот за да можеме навистина да им помогнеме на луѓето во Газа, на подолг временски период и во целосна безбедност.
Израелската влада го поддржа договорот со Хамас за ослободување на 50 жени и деца кои беа заложници на палестинските џихадисти во Газа во замена за четиридневен прекин на непријателствата и ослободување на 150 Палестинци од израелските затвори.
Хамас држи околу 240 заложници, приведени на 7 октомври, кога неговите борци го нападнаа Израел и убија околу 1.200 луѓе, главно цивили. Појасот Газа, откако Израел прогласи воена состојба, оттогаш е под постојани израелски напади. Според Хамас, во израелските напади загинале 14.000 Палестинци.