ОН бара Русија да и плати репарации на Украина

by Fokus

Генералното собрание на Обединети нации усвои резолуција во која се наведува дека Русија мора да биде повикана на одговорност поради кршење на меѓународното право со инвазијата врз Украина, што вклучува и плаќање на отштета.

„За” резолуцијата гласаа 94 држави, 14 беа „против”, а 73 беа „воздржани”.

Сите земји од Западен Балкан гласаа „за” резолуцијата, со исклучок на Србија, која беше „воздржана”. Додека „против” резолуцијата, помеѓу другите беа Белорусија, Кина, Иран, Сирија, Северна Кореја, Куба, Никарагва.

– Русија мора да сноси правни последици за сите свои меѓународно противправни дејствувања, вклучувајќи и надомест за штета, вклучувајќи каква било штета, предизвикана од таквите акции се наведува во резолуцијата.

Поврзани новости