577
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска изјави дека го овластил шефот на хуманитарната организација да ја истражи можноста за хуманитарен прекин на огнот во Украина меѓу инволвираните страни.
Гутереш повика и на итен хуманитарен прекин на огнот „за да се овозможи напредок во сериозните политички преговори насочени кон постигнување мировен договор заснован на принципите на Повелбата на ОН“.
Гутереш изјави дека побарал од шефот за хуманитарна помош на ОН Мартин Грифитс „веднаш да ги истражи со вклучените страни можните договори и аранжмани за хуманитарен прекин на огнот во Украина“.