ОН бара формирање „инклузивна“ влада во Авганистан

by fokus

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска повика на итен прекин на сите воени дејствија во Авганистан и на формирање нова влада, која ќе биде „обединета, инклузивна и репрезентативна“, а во која треба да бидат вклучени и женски претставници.

Американските медиуми наведуваат дела во првата изјава на Советот за безбедност на ОН по освојувањето на Авганистан од страна на талибанците се потенцира дека „мора да се обезбеди уставен континуитет, почитување на меѓународните обврски, како и безбедноста на сите Авганистанци и странци“.

Членовите на Советот повикаа на „итен прекин на насилството во Авганистан, враќање на безбедноста, граѓанскиот и уставниот поредок“, како и итни разговори за решавање на тековната владина криза и изнаоѓање решение.

Советот за безбедност на ОН, без да ги исклучат и талибанците, ги повика сите страни да се придржуваат кон меѓународните норми што се однесуваат на човековите права и стандарди, како и да стават крај на „сите злоупотреби и прекршувања на правата“.

Американскикте медиуми додаваат дека соопштението, беше одобрена од сите 15 членки на Советот за безбедност на ОН на вонредниот состанок инициран од Естонија и Норвешка заради ситуацијата во Авганистан.

Поврзани новости