Некои евакуирани одлучија да не одат кон Запорожје со конвојот, додаде Лубрани.

-Во текот на изминатите денови, патувајќи со евакуираните, слушнав мајки, деца и изнемоштени баби и дедовци како зборуваат за траумата на живеењето од ден за ден под немилосрдното силно гранатирање и страв од смртта и со екстремен недостаток на вода, храна и санитарни услови. Тие зборуваа за пеколот што го доживеале од почетокот на оваа војна, барајќи засолниште во фабриката Азовстал, многумина се разделени од членовите на семејствата, чија судбина сè уште не ја знаат“.

Обраќајќи се на пресот попладнево, Лубрани рече дека се надева оти оваа операција за евакуација може да биде „отскочна штица за уште такви операции што треба да се случат. Има сознанија дека сè уште има цивили заробени во фабриката за челик Азовстал. Некои од нив се плашеа да излези.”

Нема јасен број на луѓе кои останале во фабриката за челик Азовстал, додаде Лубрани, објави Си-Ен-Ен.