Населението на Украина се намали за повеќе од 10 милиони од февруари 2022 година, кога започна руската инвазија, што предизвика егзодус и пад на стапката на плодност, соопштија денеска ОН.
Регионалната директорка на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА), Флоренс Бауер, им објасни на новинарите во Женева дека овој пад е поврзан и со други фактори, бидејќи „и пред војната Украина се соочуваше со значителни демографски предизвици“.
„Таа земја имаше една од најниските стапки на наталитет во Европа. Голем број луѓе веќе ја напуштија Украина за да ги искористат можностите во странство. Населението старее, а бројот на жители се намалуваше уште пред војната“, рече Бауер.
„Таа ситуација не е нетипична во Источна Европа, бидејќи многу земји имаат слични демографски трендови“, додаде таа.
„Но, со целосната инвазија на Русија која започна во 2022 година, ситуацијата значително се влоши“, рече Бауер.
Таа изјави дека стапката на фертилитет паднала на едно дете по жена „што е една од најниските стапки во светот“ што е „многу под“ прагот за враќање на плодноста што е во просек 2,1 дете по жена.
6,7 милиони луѓе ја напуштија Украина, а „значителен број загинаа за време на конфликтот“, додаде претставникот на ОН.
Се проценува дека Украина имала 38 милиони жители пред избувнувањето на војната во 2022 година.