ОМО„Илинден“-Пирин: Бугарија за 10 дена дискриминира и деградира 4 народи од 3 земји

by Fokus

ОМО „Илинден“ – Пирин објави дека за 10 дена Бугарија успеала да деградира и дискриминира 4 народи, 3 земји и милиони граѓани од Македонија, Србија и Грција.

Во објавата на социјалните мрежи ОМО „Илинден-Пирин сподели неколку вести за кои велат дека се слика на тоа како добрососедската земја Бугарија ги гради добрососедски односи со Балканските држави.

„Уште нетргнати се заканија дека ќе палат знамиња на Албанија и Македонија. При пристигнувањето беше предизвикан инцидент со локалното албанско население во Скопје, при што беше прободен еден бугарски граѓанин, за потоа инцидентите да ги префрлат на стадион во судир со македонската полиција, која уапси 19 бугарски навивачи. За извиците од трибините како им посакуваат смрт на Албанците, дека Македонија е бугарска земја и слична реторика, да не ни споменуваме“, објави ОМО „Илинден“ – ПИРИН.

ОМО „Илинден“ Пирин натаму во објавата пушува: „На 2 август во присуство на највисокото претставништво на државата, јавно на ТВ, повторно и по 150-ина години, со тешка дискриминаторна реторика, јавно искажани територијални претензии и нималку добрососедски став го обележаа Илинден како празник на бугарското востание, па и манипулирајќи го името со нивната измислица за некакво си илинденско-преображенско востание и претставувајќи го како востание на Бугарите“.

Потоа ОМО „Илинден“-Пирин вели дека бугарската политикадискриминација беше свртена кон Србија, на која исто така ѝ го дискриминираат српското малцинство во Бугарија и го декларираат како непостојно.

„На тоа веднаш добија одговор од Ивица Дачиќ дека и бугарското малцинство, кое изнесува само 0,29 % во Србија, нема да биде признаено“, се вели во објавата на ОМО „Илинден“ – Пирин.

Според ОМО „Илинден“ -Пирин генерации, кои се растени со лаги и фабрикувана историја многу лесно се манипулираат.

„Па, така, пред неколку дена во градот Кавала, 35-годишен Бугарин го отстранил грчкото знаме од јарбол и поставил бугарско извикувајќи: ‘Тоа е Бугарија!’ Полицијата соопштила дека сторителот ѝ е познат и од претходни прекршоци и тој бил однесен на распит во Драма“, стои во објавата на ОМО „Илинден“-Пирин.

Поврзани новости