Од ОМО Илинден велат дека има разлика меѓу Македонија и Бугарија, правејќи споредба со откривање на сторителот кој го запали клубот во Битола, и посочувајќи пример од сличен инцидент во Бугарија.
-Пред неколку дена беше запален влезот бугарскиот културен клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола. Настанот беше одразен во медиумите, актот беше осуден од македонските власти на владино ниво, веднаш беше започната истрага и за само неколку дена осомничениот е уапсен и притворен.
Во 2007 у 2008 година на два пати беше напаѓан клубот на ОМО „Илинден“-ПИРИН во гр. Гоце Делчев – скршени стакла, исцртани свастики и др. Полицијата одби да започне истрага зашто штетата не била доволно голема, медиумите не соопштија за настанот, властите не го осудија вандализмот и се разбира никој не беше казнет, велат од ОМО Илинден.