За пет дена се направени испитувања на 152 примероци, од кои кај 104 е детектирана варијантата омикрон, покажува последниот извештај на Институтот за јавно здравје.
„Во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика на ИЈЗ, во периодот од 05-10.01.2022, направено е секвенционирање на вкупно 152 позитивни примероци на SARS-CoV-2, а во 104 од нив (68 проценти) е детектирана Омикрон варијантата.
Омикрон варијантата е откриена во 12 градови и тоа: Скопје – 48, Охрид – 27, Кочани – седум, Тетово – шест, Велес – пет, Пехчево, Штип, Гевгелија, Кавадарци по два и Виница, Неготино, Битола по еден заразен“, се наведува во извештајот.
Последниот сој на ковид 19 се шири со брзина на светлината, иако повеќето го поминуваат со лесна клиничка слика. За разлика од делта сојот, кај овој вирус е за 90 посто намалена хоспитализацијата и смртноста.
Досега во земјата се направени вкупно 1.665.043 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 234.277, бројот на оздравени пациенти е 215.852, на починати е 8.042, а бројот на активни случаи изнесува 10.383.
И.М.