814
Кинеските власти претпоставуваат дека новиот сој на корона вирусот, Омикрон, во Кина пристигнал преку меѓународна пратка од Канада. Затоа, им препорачуваат на кинеските граѓани да не порачуваат производи од странство.
Пациентот признал дека на 11 јануари примил пакет испратен на 7 јануари од Канада. Членовите на семејството на пациентот, курирот и други над 60 лица, кои имале блиски контакти се во карантин, а тестирани се над 16.000 луѓе во квартот каде е откриен сојот Омикрон.