Омикрон стигна и во Јужна Америка

by Фокус

Бразилските здравствени власти соопштија дека лабораториската анализа регистрирала два случаи на инфекција со варијантата на коронавирус Омикрон, што се први случаи на инфекција со новата варијанта во Јужна Америка.

Заразените со Омикрон се маж кој пристигнал во Сао Паоло од Јужна Африка и неговата сопруга.

Иако мажот имал негативен тест кога пристигнал во Бразил,  пред планираното патување во спротивна насока тој и неговата сопруга биле позитивни.

Поврзани новости