Новата варијанта на коронавирусот, омикрон, е потврдена денеска во Србија, изјави за српските медиуми професорката Тања Јовановиќ.
Епидемиолозите од Србија претходно најавија дека првите случаи може да бидат во периодот околу Нова година кога се очекува да пристигнат поголем број лица од странство.
Претходно оваа варијанта на вирусот беше потврдена во Хрватска и Словенија, додека во Македонија и Босна и Херцеговина досега не е регистриран ниту еден случај.
Шефот на Европскиот оддел на Светската здравствена организација (СЗО), Ханс Клуге, во вторникот ги предупреди земјите да се подготват за „значително зголемување“ на бројот на нови инфекции со коронавирус, како што се шири варијантата омикрон, велејќи дека претходно доминантниот делта сој циркулирал главно меѓу младите.