757
Во Струга е регистриран случај на заразено лице од новиот сој на коронавирусот – омикрон.
Станува збор за повозрасно лице, асимптоматски случај кој е во изолација.
Ова е втор официјално потврден случај на омикрон во Македонија, откако минатата недела беше откриен уште кај едно лице, кое допатува од Велика Британија.
Според надлежните, новозаразениот се тестирал заради патување и во текот на тој скрининг било откриено дека лицето е инфицирано со омикрон.
Според последните информации, тој не знаел од каде ја добил инфекцијата.
Според Министерството за здравство, за 24 часа во Македонија се направени 5.489 тестирања и регистрирани се 373 нови случаи на Ковид-19, a 12 лица починаа.