618
Главниот специјалист за инфективни болести на САД, Ентони Фаучи денеска предупреди дека се уште постои опасност од зголемен број на хоспитализации поради високата заразност на омикрон, иако првичните податоци покажуваат дека оваа варијанта на корона вирусот е помалку опасна.
– Единствениот проблем е што ако имате толку многу случаи на инфекција, дури и ако стапката на хоспитализација е помала кај омикрон отколку кај делта, сепак постои опасност да има голем пораст на хоспитализации, што може да го оптовари здравствениот систем, истакна Фаучи во интервју за Си-Ен-Ен.