Омикрон е присутен во седум македонски градови

by Fokus

Омикрон сојот на коронавирусот е откриен во 7 градови и тоа во: Скопје, Кавадарци, Тетово, Охрид, Кочани, Велес и Гевгелија, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје.

Во период 10-16.01.2022 Тестирани се вкупно 45.401 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 14,7% во однос на минатата недела, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје.

Регистрирани сe 11.123 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, со зголемување од 33,9% во однос на минатата недела (n=8.308). Процентот на позитивност се движи од 21,4% до 30,2%, просечно 24,4%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=5.630; 50,6%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Крушево – 1.152,4/100.000. Висока инциденца се регистрира и во Битола (n=1.025; I=1.035,5/100.000).

 

Поврзани новости