Омикрон е „многу висок“ глобален ризик, смета СЗО

by fokus

Светската здравствена организација (СЗО) го класифицира новиот вид на коронавирусот Омикрон како „многу висок“ глобален ризик.

Во документот СЗО нагласува дека научниците сè уште многу малку знаат како Омикрон ќе влијае на текот на пандемијата.

– Омикрон имаа мутации чиј број е без преседан, од кои некои се загрижувачки поради нивното потенцијално влијание врз развојот на пандемијата. Вкупниот глобален ризик поврзан со Омикрон е исклучително висок, се наведува во извештајот на СЗО.

Проценката на СЗО се заснова, меѓу другото, и на фактот дека Омикрон, кој беше откриен во Јужна Африка, има голем број мутации кои претставуваат поголем ризик од повторени инфекции кај прележаните лица.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус рече дека има многу несигурности за тоа колку може да биде пренослива и тешка инфекција со силно мутиран Омикрон.

„Појавата на силно мутираната варијанта Омикрон укажува колку е опасна и неизвесна нашата ситуација“, рече Тедрос, мислејќи на правно обврзувачкиот договор што не е спомнат во нацрт-текстот со кој се бара консензус за патот напред. Според него, Омикрон покажува зошто на светот му е потребен нов договор за пандемии.

„Нашиот сегашен систем ги обесхрабрува земјите да ги предупредуваат другите за закани кои неизбежно ќе ги погодат“, рече Тедрос, додавајќи дека Јужна Африка и Боцвана, односно јужна Африка каде што е откриена новата варијанта, треба да се пофалат, а не да се „казнуваат“ за нивната работа.

Поврзани новости