Омерагиќ и Пандев разговараа со Милевски: Репрезентацијата мора да биде над сите

by Fokus

Новиот претседател на Фудбалската федерација на Македонија – Масар Омерагиќ и спортскиот директор на националните селекции – Горан Пандев денеска одржаа состанок со селекторот Благоја Милевски.

Омерагиќ уште на Изборното собрание најави дека Милевски ќе остане на клупата на македонската репрезентација.

„Имавме отворен и пред се искрен разговор. Претседателот на федерацијата ја повтори искажаната поддршка за работата на А македонската репрезентација. Со Горан се согласивме дека репрезентацијата секогаш треба да биде над сите нас“ – изјави селекторот Милевски.

Челниците на македонскиот фудбал сметаат дека за националниот тим мораат да играат сите фудбалери кои го заслужуваат тоа.

„Заедно со претседателот Омерагиќ ни беше важно да разговараме отворено со селекторот за сите теми и му благодарам што го сфати она што го сметаме за правилно, а тоа е дека како мала држава мораме да се потпреме на сите расположливи сили и фудбалерите кои имаат квалитет мора да помогнат и со настапи во репрезентацијата“, истакна Пандев.

Поврзани новости