ОМД: Се надеваме дека Иванов нема да помилува осудени за изборни измами

by Фокус

И Обединетата македонска дијаспора се изјасни против одлуката на Уставниот суд за претседателот на државата да има право да помилува осудени за изборни измами. Според ОМД, денешното прифаќање на иницијативата на Уставниот суд за можноста за помилување по основ на низа различни сторени кривични дела вклучувајќи и изборни нерегуларности е голем чекор назад за државата и македонскиот народ.

-ОМД се надева дека Претседателот на Република Македонија, кој по професија е професор по Уставно право, нема да го искористи ова право, и сите лица кои потфрлиле пред законот на Република Македонија, низ транспарентно и независно судство, согласно презентираните соодветни правни докази ќе одговараат за своите дела и постапки, се вели во реакцијата на ОМД.

Тие додаваат дека со усвојување на измена на закон да може да се помилуваат и специфични категории на осуденици по кривични дела кои длабоко навлегуваат во моралот, етиката и општото добро на една нација, всушност се навлегува и загрозува иднината на генерациите што доаѓаат и фактот каква нација создаваме.

Поврзани новости