Обединетата македнска дијаспора остро реагираше кон колумната на професорката на скопскиот Правен факултет, Тања Каракамишева – Јовановска, во која таа тврдеше дека Македонците се иселувале поради љубовни празници и дека потоа на Запад живееле мизеерно и нереализирани.
-Колумната е тотална девалвација на целата македонска дијаспора, посебно на способната младина. Длабоко жалиме за потребите и мотивите поради кои госпоѓата одлучила да се обиде да ја навреди и понижи македонската дијаспора пред најголемиот христијански празник. Разочарани сме од дрскоста на госпоѓата која по професија е правник да си дозволи да користи таков вокабулар, а и зачудени сме од нејзината самобендисаност, која ја довела до таму да си припише компетентност на секое поле и да стане експерт не само за правни, туку и за психолошки прашања. Уште потажно е што авторот на таа колумна е академски професор и преку соржината дава до знаење дека не е запознаена со научна терминологија. Исто така, се сомневаме дека госпоѓата е запознаена со етички кодекс и не навела дали пред да ја направи анализата побарала од тие иселеници согласност дека може да ги користи нивните податоци? Ако да, тогаш би требало да објасни како ја извршила анализата, квалитатитивно, квантитативно или пак комбинација, кој метод го користела, итн“, стои во реакцијата на ОМД.