Омбудсманот Мемети: За жал Обвинителството повеќе и верува на полицијата отколку на нашите докази

by fokus

За жал, Јавното обвинителство повеќе ѝ верува на полицијата и на нивните искази дека немало бруталност отколку на доказите кои што ги нуди Народниот правобранител во кривичните пријави, изјави денеска народниот правобранител Иџет Мемети на прес конференција одржана во Хелсиншкиот комитет на тема полициска бруталност.

-Полициската бруталност во Македонија е во пораст и не постојат ефективни истраги. Kанцеларијата на Народниот правобранител во врска со случајот „Диво Насеље“ поднесе пет кривични пријави до јавниот обвинител, при што две веќе се отфрлени. Две од кривичните пријави што не се отфрлени се однесуваат на сомневање за полициска бруталност при транспорт на обвинети лица од затворите во судовите, а една за бруталност на голем број затворски чувари брз обвинети лица, информираше Народниот правобранител.

Изјавата на Мемети беше дадена на промоција на проектот „Граѓански мониторинг на Народниот правобранител“, кој треба да го утврди односот на медиумите кон канцеларијата на омбудсманот, а кој го спроведува НВО Инфоцентар во соработка со Хелсиншки комитет и е поддржан од САД.

Поврзани новости