Омбудсманот го посети Боки 13, условите во затвор се во ред, треба да се проверат протоколите на Клиника

by Fokus
Повеќе од четири часа советници од кај Народниот правобранител Иџет Мемети вчера разговарале со Бојан Јовановски во затворот во Шутка. Народниот правобранител за ТВ21 вели дека Јовановски е задоволен од условите во затворот, а и нивниот не утврдил нерегуларности во затворот.

„По најавите во медиумите, во текот на вчерашниот ден, тим на Народен правобранител изврши посета и направи увид во целокупната документација во затворот Скопје при што констатирано е дека сместувањето и третманот  во притворското одделение спрема лицето Б.Ј се на задоволително ниво. Односно затворот ги почитува пропишаните процедури за лице кое се наоѓа во притвор.“, рече Изет Меџити.

Од кај Народниот правобранител додаваат дека сега останува да се изврши проверка дали се испочитувани протоколите во клиниката за гастро.

Ова следува откако на наменска прес конференција неговиот адвокат, Сашо Дуковски рече дека на Јовановски не му се дава соодветната терапија и дека условите во затворот се лоши, а бил и дискриминиран поради неговата сексуална ориентација.

„Не бараме милост во ниту еден момент, но тој е граѓанин како и сите други и заслужува најмалку еднаква нега. Ние не бараме таа нега да биде извршена во некаква приватна клиника или надвор од Македонија. Туку, во универзитетските клиники или болницата 8-ми септември. Право на здравстеван заштита која следува пациент.“, рече Дуковски.

По објавите во медиумите Државниот санитарен и здравствен инспекторат вчера извршил и вонреден инспекциски надзор во ординацијата која се наоѓа во склоп на КПУ Затвор Скопје, а е дел од ЈЗУ Здравствен дом Скопје.

„Во периодот од 16.07.2019 год па до 13.11.2019 год. за пациентот евидентирани се вкупно 25 прегледи при што се издавани специјалистички и болнички упати до здравствени установи на секундарно и терциајрно ниво (болнички здравствени установи). При тоа упатите се давани со предходно медицинско известување до надлежниот суд за добивање на согласност за понатамошно лекување, но во дел од случаите пациентот е пратен со Итна медицинска помош до одредена здравствена установа во интерес на побрзо добивање здравствена услуга, за што постои уредна евиденција. Од извршениот вонреден инспекциски надзор, не се констатирани недостаоци во надлежности на ДСЗИ.“, велат од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Бојан Јовановски е во притвор од 15ти јули кога обвинителството ја отвори истрагата за случајот “Рекет”. Од поминати 120 дена во притвор, Јовановски до сега бил 30 пати на преглед во болница. Вчера од одделенијата каде беше Јовановски демантираа дека не му била пружена медицинска помош и дека не биле извршени потребните лекарски прегледи.

Поврзани новости