Обединети за Македонија, партијата на Љубе Бошкоски ќе продолжат да соработуваат и заеднички да настапуваат во широката коалиција предводена од СДСМ, истовремено давајќи безрезервна поддршка на лидерот на опозицијата Зоран Заев. Ова го истакнаа денеска на Централното собрание во Битола, на кое е донесена Декларација во која, како што се наведува, бара да престане сквернавењето на името ВМРО, да се формира техничка влада која ќе ја разреши актуелната состојба, како и да се ослободат лидерот на партијата и другите затворени во монтирани случаи.
Во Декларацијата ОМ нагласува дека ги поддржува сите поединци и групи кои се борат за зачувување на Македонската светија од наездата на квази патриоти, предавници, фаризеи кои себе си се сметаат за чисти, праведни и одделени од членството и граѓаните, елита на лицемери и ВМРО- хулници кои мора да понесат историска лична одговорност.
– Ги потсетуваме фаризентите од ДПМНЕ, членовите на криминалната организација дека не сме СОТРЕНИ, го продолжуваме нашиот историски од, пререгистрирани и со реизбран претседател, нашиот лидер Љубе Бошковски кој никаде и никогаш не го дал и нема да го даде и тргува со името на нашата Македонија што е јасно кажано на конгресите и конвенцијата на нашата партија – пишува во Декларацијата на ОМ.