444
-Денес прославуваме уште една година самостојност, но, догодина тој празник ќе биде уште поголем, кога ќе славиме ослободени од диктаторскиот режим на Груевски, година во која со нас ќе слави и нашиот лидер, Љубе Бошковски, се вели во соопшението од Обединети за Македонија по повод Денот на независноста на Македонија.
Партијата на Љубе Бошковски денеска заедно со опозициските партнери беше на прославата организирана од СДСМ на излетничкото место „Три круши“, од каде им го честиташе Денот на независноста на сите граѓани.