Најскапото засилување во историјата на Баерн Минхен, Англичанецот Хари Кејн по само 20 часа од потпишувањето на договорот со Баварците ги одигра првите минути за германскиот шампион. Сепак, првиот меч за новиот клуб нема да го памети по добро.
Фудбалерите на Лајпциг го освоија германскиот Суперкуп со победата од 3:0 над Баерн токму во Минхен.
Дуелот меѓу шампионите во Бундеслигата и Купот го одбележа Шпанецот Дани Олмо, кој постигна хет-трик.
Кејн, дебитираше, но не успеа да го освои првиот трофеј во кариерата.
Дека ова нема да биде убава вечер за Баварците Олмо покажа веќе во третата минута, кога по мешаницата успеа да го совлада Улрих за 1-0.
Набрзо Баерн имаше шанса да израмни преку Тел, но Бласвич одлично реагираше и го одбрани неговиот удар.
Потегот на натпреварот се случи во 44. минута, кога Олмо феноменално го сврте Де Лихт и ја испрати топката во мрежата низ нозете на Улрих за 2-0.
الحساب الأساسي : @d7em10_#BAYRBL #BayernMunich pic.twitter.com/3CJbZrZCGu
— d7em10_ (@d7em10_City) August 12, 2023
Второто полувреме не беше ништо подобро за Баерн, бидејќи по играњето со рака на Мазрауи во неговиот шеснаесетник, Олмо реализираше пенал за конечни 3-0.
Лајпциг на тој начин успеа да стави крај на десетгодишната доминација на Баерн во германскиот Суперкуп.