Надзорниот одбор на Баерн Минхен на 22 мај ќе го разгледа отказот на извршниот директор Оливер Кан поради лошите резултати на фудбалскиот клуб оваа сезона, пренесуваат германските медиуми.
Баерн беше елиминиран од Манчестер Сити во четвртфиналето на Лигата на шампионите, а во Купот на Германијa, Баварците беа поразени од Фрајбург (1:2).
Пред повеќе од еден месец Баерн му врачи отказ на тренерот Јулијан Нагелсман и го замени Томас Тухел.
Промената не ги даде посакуваните резултати, бидејќи Баерн го загуби првото место на табелата во Бундеслигата на пет кола пред крајот на првенството.
Во 2021 година, Оливер Кан го замени Карл-Хајнц Румениге како извршен директор на Баерн.
„Кан би можел да биде сменет веќе на 22 мај, но Хасан Салихамиџиќ ќе остане спортски директор на клубот. Кан е најголемиот виновник за лошите резултати, бидејќи тој е првиот оперативец кој одлучува за се. Тој реши да го отпушти тренерот и да ги доведе играчите. На Баерн не му оди најдобро со Нагелсман, но не и со Тухел. Челниците на клубот ќе разговараат и за Салихамиџиќ, но единствениот функционер на кој му е во голема опасност работата е Кан“, наведуваат „Билд“ и „Скај Германија“.
Германските медиуми тврдат дека Баерн планира да го реновира тимот на крајот од сезоната.
„Серж Гнабри и Садио Мане сигурно ќе си заминат од Баерн, а не е невозможно да си замине и Томас Милер кој е еден од симболите на Баерн. Тухел ќе остане тренер на Баерн иако има лоши резултати“, пишуваат германските медиуми.