346
Македонскиот олимпиец Антонио Ристевски не успеа да стигне до целта на велеслаломската трка на ЗОИ во Пјонг Чанг вчера, и остана без пласман во својот прв настап. Тој не стигна до целта, бидејќи излета од патеката.
Репрезентативецот во алпско скијање е нашиот најпопуларен и искусен олимпиец, а ова се неговите трети Олимписки игри. Пред четири години на ЗОИ во Сочи го освои 29- то место во слалом.
Од нашата олимписка делегација информираат дека патеката во Пјонг Чанг била исклучително тешка, бидејќи била замрзната. Антонио ќе настапи уште еднаш, на 22-ри февруари, во дисциплината слалом.
Вики Клинчарова