На Дарко Дамјановски, учесник на три олимпијади, во текот на вчерашниот ден му беше врачена плакета за спортски работник во Општина Гостивар.
Тој на социјалните мрежи се заблагодари за признанието, но, истовремено упати и критики, затоа што како што порача, било зборувано само на албански јазик и според него, немало превод на македонски јазик.
Denes vo opstina gostivar posle moi 3 olimpijadi bev povikan od strana na nasiot karatist reprezentetaivec berat jakupi…
Publiée par Darko Damjanovski sur Lundi 23 décembre 2019
„И оваа плакета која ја добив ќе му ја посветам на Таравари, затоа што не проговори ниту еден збор на македонски и ќе му ја пратам препорачано по пошта, со голема благодарност затоа што ме омаловажи подолно од што можеше да го направи“, стои во објавата на Дамјановски на неговиот профил на Фејсбук.
Од друга страна, градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари ги демантираше овие информации и додаде дека имало симултан превод.
„Нема врска. Не е вистина. Имавме симултан превод, како и секогаш. Дали користеле слушалки учесниците, тоа не знам. Но, во салата имаше и слушалки и превод“, ни изјави Таравари за ситуацијата.
Освен тоа, гостиварскиот градоначалник остави и свој детален коментар токму на фотографијата на Дамјановски.
„Ти честитам за успесите во спортот. Ти си наш амбасадор во светот. Со сета почит, сакам да те демантирам за ова што го пишуваш. Цело време настанот се преведуваше од кабината. Дали вие користевте слушалки, тоа не знам, меѓутоа во салата на Општина Гостивар имаше над 20 слушалки за превод. Зарем мислиш дека би играле толку ниско да нема превод. Во Гостивар секогаш имало соживот и ќе продолжи така да биде. Ти посакувам уште многу спортски успеси и здравје“, вели Таравари во својот коментар.
Јорданчо Цветаноски