346
Министерот за правда Кренар Лога вечерва на ТВ21 изјави дека судиите се повеќе контролирани од олигарси отколку од политичари.
-Обвинителите и судиите се повеќе контролирани од олигархијата отколку од политиката – рече Лога.
Тој го спомна и претседателот на Судот во Куманово, кој, според него, не го положил тестот за интегритет, но повторно е избран за претседател на судот.
-Овој судија падна на тестот за интегритет и повторно му беше дозволено да биде претседател на Судот. Вчера имаше таков тест за кандидатите, а оние кои не го положија овој тест беа елиминирани – рече Лога.
Според него, овој претседател упатил и погрдни зборови кон Албанците.