Олбрајт почина ден пред годишнината од НАТО-бомбардирањето

by fokus

Поранешната државна секретарка на САД, Медлин Олбрајт која почина денеска на 84-годишна возраст почина на годишницата на денот кога е донесена одлука за бомбардирање на СР Југославија, односно еден ден пред 23-годишнината од НАТО-бомбардирањето.

Таа беше државна секретарка на САД баш кога беше донесена оваа одлука, а го навлече гневот на голем број на Срби бидејќи важи за личност која имала клучна улога за ваква интервенција, која беше образложена со тоа да се спречи Слободан Милошевиќ да изврши геноцид над муслиманското население во Косово, како што во 1995 г. изврши во Сребреница.

Според мемоарите на Олбрајт, таа еднаш се расправала со Колин Пауел за употреба на воена сила од страна на прашањето “Што е поентата на заштеда на ова инзвонредна војска ,Колин, ако не можеме да ја користиме?”

Косовските власти од друга страна напишаа дека се шокирани од смртта на поранешната државна секретарка на САД, која, според нив, им дала надеж, кога ја немале и станала нивна рака и глас, кога немале, ниту глас, ниту рака.

Олбрајт не и е непозната и на македонската јавност, прв пат дојде во Скопје во 1996 година, кога како американска амбасадорка во ОН дојде во посета по повод отворањето на американската амбасада во земјава.

Следната посета била во 1999 година кога го посети и бегалскиот камп Стенковец каде се фотографираше со децата бегалци од Косово. Последен пат била во Скопје во 2005 година кога се сретнала со со тогашниот премиер Владо Бучковски.

Олбрајт е родена на 15 мај 1937 година во Прага како Мари Јана Корбелова. Во времето на раѓањето на Олбрајт, нејзиниот татко служеше како дипломат во Чехословачката Амбасада во Белград.

Таа емигрирала во САД од Чехословачка со своето семејство во 1948 година. Станала американска државјанка во 1957 година, а по дипломирањето во мај 1959 година, се омажи за новинарот од Чикаго Џозеф Олбрајт и со него имаше три ќерки, близначките Ен, Елис и Кејти.

 

Поврзани новости