ОЛАФ утврди неправилности од над 140 милиони евра во проектот за железничката инфраструктура на Бугарија

by Fokus

Истрагите спроведени од Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) и Европското јавно обвинителство укажуваат на можни неправилности во спроведувањето на железничките проекти во Бугарија, се наведува во вчерашното соопштението на ОЛАФ.

ОЛАФ заедно со делегираните обвинители на Европското јавно обвинителство во Бугарија спроведе истрага, проверувајќи евентуални неправилности во проектот финансиран од ЕУ за модернизација на локалната железничка инфраструктура, особено во постапката за набавка и спроведувањето на проектот.

Според резултатите од истрагата на ОЛАФ, двајца од изведувачите кои го добиле договорот за јавна набавка или немале технички можности за спроведување на проектот или дале лажни информации за нивните финансиски можности.

ОЛАФ ја затвори истрагата со препорака да се вратат 38 милиони евра и да се спречи да се потрошат уште 92 милиони евра. Европската извршна агенција за клима, инфраструктура и животна средина е телото кое сега може да одлучи дали да ги спроведе препораките на ОЛАФ.

– Заедно спречивме несоодветно трошење на повеќе од 92 милиони евра и препорачуваме враќање на над 38 милиони евра, пари што им припаѓаат на европските даночни обврзници. Оваа истрага е пример за тоа како комбинацијата на административните (ОЛАФ) и кривичните (ЕППО) процедури за борба против измамите се најдобра заштита на финансиските интереси на ЕУ, изјави генералниот директор на ОЛАФ, Виле Итала.

Истрагата на Европското јавно обвинителство сè уште не е завршена и е фокусирана на можни кривични дела како злоупотреба на европските фондови и перење пари, при што се истражува уште еден железнички проект во вредност од 111 милиони евра.

Истрагата откри факти кои би можеле да претставуваат кривични дела, вклучително и злоупотреба на европските фондови и перење пари. Се сомнева дека изведувачите за само краток временски период извршиле фиктивни трансфери на пари во низа фирми, што потоа довело до подигање на повеќе од 2,5 милиони евра готовина од лица со криминално досие.

Поврзани новости