ОКТА увезува и продава гориво што е во согласност со највисоките стандарди и ги поседува сите неопходни процедури и инфраструктура за да обезбеди соодветен квалитет на горивото што го продава на своите клиенти. Вака реагираа од компанијата за рафинирање, дистрибуција и трговија со нафта, откако нејзиното име беше споменато во неколку медиумски натписи во однос на квалитетот на горивото кое се продава до крајниот потрошувач.
„За расчистување на секаков сомнеж, ОКТА не е една од петте компании за кои Пазарниот инспекторат откри дека во измината година продавале гориво со помалку октани. Ние сме и единствената компанијата која што спроведува тројна контрола на горивото. Првата се спроведува во рафинеријата каде горивото се товари пред да биде транспортирано, втората контрола ја правиме кога тоа ќе пристигне во инсталациите на ОКТА и третата контрола се прави пред горивото да се испорача на пазарот“, стои во соопштението на компанија.