ОКТА ги објави финансиските резултати за првата половина од 2024 година со ЕБИТДА во износ од 241 милион денари, што е зголемување од 30% споредено со првата половина од 2023, пред сè поради зголемената продажба на извозниот пазар, покачените извозни маржи и негативното влијание на вреднувањето на залихите, кое беше поизразено во првата половина од 2023.
Бруто маржата во првата половина на 2024 година изнесуваше 443 милиони денари, што е пораст од 16% споредено со истиот период минатата година. Добивката пред оданочување изнесуваше 99 милиони денари.
Во првата половина од 2024 година компанијата инвестираше вкупно 36 милиони денари во изградбата на фотоволтаична централа од 12 MW која беше започната минатата година, а се очекува да биде пуштена во употреба во втората половина од 2024 година. Оваа инвестиција е во чекор со стратешките приоритети на компанијата да ги унапреди своите инвестиции во почисти облици на енергија, да ги намали емисиите на јаглерод диоксид и да придонесе за одржливост на животната средина, притоа обезбедувајќи значителни економски придобивки.
Покажувајќи ја својата посветеност на безбедноста и одговорните практики, ОКТА отвори Тренинг-центар за противпожарна заштита од нафтени деривати, прв од ваков вид во земјата. Лоциран во кругот на ОКТА и целосно опремен со реквизити за да овозможи сигурна и безбедна обука, центарот има за цел да обезбеди вештини, знаење и ресурси на противпожарниот тим на компанијата за ефикасна борба против пожарите и заштита на објектите, но и на околните заедници. За почеток, центарот ќе се фокусира на обучување на вработените во ОКТА за техники за гаснење пожари и спроведување заеднички вежби со локалните противпожарни единици, со кои компанијата има воспоставено партнерство. Понатамошните планови вклучуваат проширување на капацитетот за да се зголеми бројот на обуки и за други видови пожари и ставање на располагање на истиот на државни институции и компании за нивните потреби за противпожарна обука.
Раководството на ОКТА и понатаму будно го следи опкружувањето исполнето со предизвици и преку проактивно планирање ја придвижува компанијата напред преку искористување на новите можности, со цел да ги подобри деловните остварувања и да ја зголеми оперативната ефикасност.
ПР