Околу 98 отсто од европските граѓани дишат отровен, многу штетен загаден воздух, кој е поврзан со околу 400.000 смртни случаи годишно, а Северна Македонија е најтешко погодена.
Ова го покажало истражувањето на британскиот дневен весник „Гардијан“.
Во анализата на весникот се посочува дека „Европа се соочува со `тешка криза во јавното здравје`, при што речиси сите на континентот живеат во области со опасни нивоа на загадување на воздухот“.
Анализата на податоците собрани со помош на најсовремената методологија – вклучувајќи детални сателитски снимки и мерења од повеќе од 1.400 копнени станици за мониторинг – открива страшна слика за загадениот воздух, при што 98 отсто од луѓето живеат во области со високо штетно загадување со ситни честички што ги надминуваат стандардите поставени од Светската здравствена организација. Речиси две третини живеат во области каде што квалитетот на воздухот е повеќе од двојно над одзволеното ниво согласно СЗО.
Најпогодена земја во Европа е Северна Македонија.
Речиси две третини од луѓето во земјата живеат во области со повеќе од четири пати повеќе од насоките на СЗО за PM2.5, додека во четири области е откриено дека имаат загаденоста на воздухот е речиси шестпати поголема од препораките, вклучително и во главниот град, Скопје, покажала анализата на „Гардијан“.