Околу 14 отсто од храната во светот се губи пред да стигне до малопродажбата, пренесе агенцијата на Обединетите нации за храна и земјоделство (ФАО).
„Како можеме да дозволиме да се фрла храна кога повеќе од 820 милиони луѓе во светот и понатаму секој ден гладуваат“, истакнува во извештајот генералниот директор на ФАО, Ку Донгју.