Околу 50 вработени од поранешна УБК ќе мора да го напуштат МВР

by fokus

За околу 50 вработени од поранешната УБК има утврдено безбедносен ризик за работење во безбедносните служби и ќе мора да го напуштат МВР со што би се распределиле во други државни институции, истакна денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на првиот академски час на Факултетот за безбедност.

Министерот рече дека вработените во УБК кои не аплицирале за новата агенција остануваат во МВР, а оние кои не го поминале ветингот одат во други институции.

-Работиме на подготовка на систематизација со цел да добијат решенија во МВР, освен за оние за коишто има утврдено безбедносен ризик кои ќе мора да го напуштат Министерството за внатрешни работи и да бидат префрлени во други институции од коишто ќе бидат прифатени, истакна Спасовски.

Од сведоците во случајот Таргет-Тврдина, луѓето кои ги открија и изнесоа од Управата нелегално снимени материјали „бомбите“ само Звонко Костовски аплицирал и е примен во Агенцијата за национална безбедност, додека пак Лазаревски воопшто не аплицирал и останува во МВР.

Поврзани новости