Околу 5.000 луѓе од Западен Балкан годишно умираат прерано поради загадувањето

by fokus

Луѓето кои живеат на Западен Балкан во просек губат 1,3 година од својот живот поради загадувањето на воздухот, а вкупниот број на лица со прерана смрт достигнува до 5000 годишно, во 19 градови од регионот.

Ова го соопшти генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка Мајлинда Брегу во колумната под наслов „На климатските промени не им треба шенген виза“ објавена на сајтот на РСС.

„Последното издание на нашето истражување Балкански барометар покажува дека 84 отсто од граѓаните на регионот климатските промени ги доживуваат како проблем. Девет од 10 луѓе  сметаат дека загадувањето е проблем во нивната заедница. Меѓутоа, 32 отсто велат дека не се подготвени да користат еколошки прифатливи производи“, вели Брегу, додавајќи дека се намалил и бројот на компании кои презеле одредени мерки за намалување на штетноста врз околината за 13 отсто, споредено со 2017 година и сега изнесува 64 отсто од компаниите.

Брегу подвлекува дека Сараево, Белград и Скопје овие денови се меѓу топ десетте најзагадени градови во светот, минатата година на таа листа биле дури шест градови од Западен Балкан и дека сето тоа покажува дека времето за акција е веднаш и тоа преку регионална соработка и на ова поле.

Поврзани новости