Околу 300 српски полицајци, командири на станици и раководители од четири општини од северот на Косово попладнево официјално поднесоа оставки во полициската станица во Косовска Митровица, а нивните преостанати колеги тоа ќе го сторат утре.
Тие се собраа пред станицата во Косовска Митровица носејќи ги оставките напишани на кирилица, а потоа влегоа во зградата на станицата.
Набрзо си заминаа и ги предадоа оставките.
Во Северна Митровица денеска се одржа голем народен собир кај Споменикот на принцот Лазар.
Целиот град беше украсен со српски знамиња, а митингот започна со интонирање на српската национална химна заедно со голем број на граѓани од српска националност кои дојдоа од цело Косово порачувајќи дека им е доста од, како што потенцираа , теророт на косовскиот премиер Курти.