473
Легендарната музичка ѕвезда Стинг ќе одржи концерт во Скопје, на 2-ри јуни на „Тодор Проески“ арената.
По неверојатниот концерт на 15 ноември во 2017, некогашниот член на „The Police“ најавува повторно спектакл за сите генерации.
Како што информираа од Авалон, се очекува на концертот да присуствуваат околу 25 илјади луѓе.
„Овој концерт на Стинг ќе биде вистински спектакл. Бината ќе биде како онаа на ЕГЗИТ. За таа цел, Стинг ќе дојде два дена порано во Скопје, со цел подобро да се подготви за својот сценски настап“, информираа од Авалон.
Јорданчо Цветаноски