Околу 15 илјади луѓе останале без работа, а двојно повеќе не зеле плата во април

by Фокус

Околу 15.000 граѓани останаа без работа поради неспособноста на оваа влада да се справи со кризата, изјави во интервју за МТВ Дарко Лазаров, претседател на Комисијата за економија на ВМРО-ДПМНЕ.

-Практично за месец април имаме пад на индустриско производство за 40 отсто, пад на извозот за 60 отсто, речиси 0 проценти стапка на економски раст. Меѓутоа навистина вториот квартал е прилично загрижувачки со оглед на тоа што имаме зголемување на бројот на невработени според АВРМ за 15.000 лица. Она што исто така е загрижувачки е тоа што практично според податоците на УЈП за месец април плата земале 30.000 граѓани помалку – нагласи Лазаров.

Тој додаде дека пролонгирање на ширењето на корона вирусот дополнително ќе ја продлабочи економската криза.

Поврзани новости