Според статистичките податоци од болницата, за 18 месеци се хоспитализирани околу 4 илјади пациенти заразени од опасниот корона вирус. Од почетокот на ковид пандемијата во болницата се извршени 20 илјади прегледи само во трите амбуланти на одделот за инфективни болести, додека уште 10 илјади прегледи се направени во тријажниот центар за ковид пациенти, што значи се доаѓа до бројка од вкупно 30 илјади прегледи на сомнителни и заразени од смртоносниот вирус за само 18 месеци,
Статистиките со кои располага болницата уште покажуваат дека во старата Воена болница се направени 15 илјади биохемиски анализи на ковид пациенти и 16 илјади крвни анализи на Трансфузиологија. Исто така, за целиот овој период додека болницата е ковид центар, се направени и 600 коронографии, вградени се 320 стентови, 140 инфаркти биле третирани од кои 30 срцеви удари на пациенти заразени со ковид 19.