Водачот на „Дуќанџик“, Орхан Бајрами-Оки кој беше застрелан во Грција, заедно со лицата со кои бил во Грција требало да се вратат во Македонија вчера, но останале уште еден ден плус бидејќи полицијата пред неколку дена им ги земала регистерските таблици, дознава „Фокус“ од доброинформирани извори.
Таблиците им биле земени поради прекршок, иако ја платиле казната, сепак полицијата не им ги вратила таблиците, па наместо вчера доаѓањето од Грција каде биле 14 дена, го одложиле за денеска.
Неофицијално, двете маскирани лица прво пукале кон ресортот каде бил сместен Бајрами, потоа влегле внатре и испукале еден куршум во грб кон Бајрами, неколку куршуми во стомакот и раката на Сеад Слезовиќ кој е во болница.
Бајрами Оки беше убиен ноќеска во Ханиоти во Грција.