Основното јавно обвинителство Тетово најави дека ќе ја обжали ослободителната пресуда за гинекологот Казимир Копривњак донесена денеска од Основниот суд во Тетово.
– Основното јавно обвинителство Тетово во целина останува на наводите дадени во обвинението против обвинетиот лекар-гинеколог за кого Основниот суд Тетово денеска изрече ослободителна пресуда за кривично дело – Тешки дела против здравјето на луѓето кое му се ставаше на товар. Обвинителството цени дека обвинетиот го сторил кривичното дело кое му се става на товар и дека доказите кои беа обезбедени од страна на обвинителството ги докажуваат наводите во обвинителниот акт, стои во соопштението од ЈОРМ.
Основното јавно обвинителство Тетово, се вели во соопштението, ја известува јавноста дека е незадоволно од донесената пресуда и ќе вложи жалба во законскиот рок.
Лекарот Копривњак беше обвинет од Јавното обвинителство за тешки дела против здравјето на луѓето, а во врска со смртта на 33-годишната родилка Виолета Кировска во август 2015-тата година