ОЈО поднесе обвинение за обидот за убиство во гостилница во Хиподром

by fokus

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело обид за убиство за настанот на 24 февруари годинава во гостилница во скопската населба Хиподром.

– Осомничениот на 24.02.2019 година со умисла се обидел да лиши од живот едно оштетено лице, така што додека седеле на различни маси во дворот на гостилница, без предупредување му пришол на оштетениот, извадил нож од џебот и замавнал. Притоа на оштетениот му нанел тешка телесна повреда  – влезно убодна рана во пределот на абдоменот, оштетувајќи му неколку органи. По ова, реагирале други лица кои седеле на масата со оштетениот и осомничениот се оддалечил од местото, се вели во соопштението од ОЈО.

Од ОЈО, информираат дека со оглед на тоа што надлежниот јавен обвинител ценел дека се исполнети сите законски основи, до судот доставил и посебен предлог за претходно определената мерка куќен притвор против обвинетото лице да се продолжи.

Поврзани новости