Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО) поведе постапка против 43-годишен скопјанец, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, а јавниот обвинител кој постапува во предметот побара определување мерка притвор.
Како што иннформира ОЈО, осомничениот вчера околу 17:15 часот, во патничко возило „шкода фабиа“ кое го управувал кај улицата „Јадранска магистрала“, односно на паркинг просторот позади ресторан „Капри“, неовластено заради продажба држел 19.980 грама наркотична дрога марихуана спакувана во две најлонски црни вреќи.
По донесување на наредбата за спроведување истражна постапка, јавен обвинител во насока на обезбедување непречено одвивање на кривичната постапка, до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.