ОЈО отворило истрага за исчезнатите слики од Владата

by fokus

Известувањата за исчезнатите дела од Петар Мазев и Владимир Величковски, од објектите на Владата и Министерството за одбрана, Основното јавно обвинителство од МВР ги добило на 05 и на 20 јули. Потоа е отворен еден предмет, но не се прецизира за што точно се работи и истиот е распореден кај надлежен јавен обвинител за натамошнa постапка, без да се открие неговиот идентитет, објави Телма.

Од Обвинителството очекуваат информации за процедурата и составот на комисиите кои вршеле надзор и за лицата кои биле задолжени да се грижат за уметничките дела кои биле позајмени на Владата и на Министерството за одбрана. Преземени се дејствија и за утврдување на вредноста на делата, неопходни за натамошната правна квалификација, додаваат од ОЈО.

Поврзани новости