ОЈО отвори истраги за незаконско финансирање на БЕСА и повеќе невладини организации

by fokus

Одделението за организиран криминал при Јавното обвинителство Скопје води предистражна постапка за незаконско финансирање на изборниот процес против повеќе невладини организации и политичката партија БЕСА, дознава Нова ТВ, повикувајќи се високи извори вклучени во истрагата.

Според нив, станува збор за невладини организации кои се финансирале од странски донатори, како владата на САД и други влади од западните земји и фондацијата „Институт Отворено општество“.

Предметот, пишува Нова ТВ, бил оформен помеѓу 20 и 30 декември, непосредно по завршувањето на предвремените парламентарни избори или три дена по прогласот на ВМРО-ДПМНЕ во кој најави борба со невладиниот сектор или таканаречената „десоросизација“.

Во предистражната постапка, наводно, биле вклучени високи безбедносни служби во полицијата.

Поврзани новости