ОЈО ќе истражува евентуална злоупотреба на малолетно лице за случајот Скопјанка

by fokus

Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по допрен глас за настанот што се случи на 19-ти овој месец во населбата Аеродром. Предметот е оформен во насока на проверка дали детето кое живее во станот со неговата баба е запоставено од родителите.

Како што соопшти Основното јавно обвинителство, предметот е оформен по дојава на жители од зграда во скопската населба Аеродром. Во стан во истата зграда, како што се наведува, беше откриено дека семејство со едно малолетно дете живее во исклучително лоши хигиенски услови.

ОЈО издало наредба до СВР-Скопје да ги направи сите неопходни проверки со родителите на детето. Од Центарот за социјални работи на Град Скопје побарале да формира стручен тим, кој ќе изготви детален извештај за семејството во кое живее детето. Тимот ќе треба да провери дали семејството до сега било пријавувано во Центарот, дали било интервенирано од нивна страна и дали има пропусти во грижата на родителите за развојот на детето.

По направените проверки и обезбедените докази ќе биде донесена јавнообвинителска одлука.

Поврзани новости