ОЈО ќе го гони дедото на Тамара за обид за убиство на Тодоров

by fokus

Основното јавно обвинителство Скопје денеска соопшти дека повело постапка против лицето кое пукаше во поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров.

Основното јавно обвинителство Скопје донело Наредба за спроведување истражна постапка против лицето кое вчера пукаше во поранешниот Министер за здравство.

Осомничениот ќе се гони за сторени две кривични дела и тоа „Убиство од член 123 во врска со член 19“ и со „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396“ од Кривичниот законик.

„Надлежниот јавен обвинител до судот поднесе и Предлог за определување на мерката притвор, бидејќи ценеше дека се исполнети законските основи за нејзиното изрекување“, соопштија од ОЈО.

Вчера екс министерот за здравство, Никола Тодоров пред настанот за примопредавање на функцијата во министерството беше нападнат од дедото на малата Тамара Димовска од Велес, која почина чекајќи потпис од Министерството за здравство за лекување.

Кон Тодоров биле испукани два куршуми, наводно од гасен пиштол, но поранешниот министер не бил повреден. Напаѓачот беше приведен на лице место.

Поврзани новости